
Ивица Андов, Дипломиран инженер геолог
Роден: 16 јануари 1987 година, Кочани, Република Северна Македонија
Националност: Македонец
Место на живеење: Скопје, РС Македонија
Образование и квалификации:
Во тек – Магистерски студии по Геологија, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Факултет за природни и технички науки, Дипломиран инженер геолог, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Насока: Геологија – модул Наоѓалишта на минерални суровини
Професионално искуство:
2025 – Директор, Геолошки завод на Република Северна Македонија, 2024 – В.Д. Директор, Геолошки завод на РСМ, 2023 – Одговорен инженер геолог, Градежен Институт Македонија АД – Скопје, Инженер геолог, PRG DOOEL Skopje, Инженер геолог, Геолошки завод на Република Македонија
Клучни области на работа:
Геотехнички, инженерско-геолошки и хидрогеолошки истражувања, Минералошко-петролошки анализи, Геолошко картирање и елаборатска документација, Примена на Географски информациски системи (GIS), Просторни анализи и дигитализација на геолошки податоци, Меѓународна и интердисциплинарна соработка во областа на геонауките.
Раководна улога и визија:
Ивица Андов ја презема раководната позиција во Геолошкиот завод со целосна посветеност на унапредување на институционалната структура и научноистражувачкиот капацитет. Неговата визија е насочена кон: Јакнење на стратегиите за истражување на минерални суровини, Зголемување на административната ефикасност, Развивање на интернационални партнерства, Промовирање на одржлив развој преку геонаучни истражувања, Примената на иновативни технологии и дигитални алатки во геологијата.
