На 28.06.2025 година во Белград, во духот на регионална соработка и заеднички интерес во развојот и унапредувањето на геолошките науки, Македонското геолошко друштво и Српското геолошко друштво потпишаа Меморандум за соработка.
Со овој Меморандум се отвора пат за поблиска научна и стручна размена, организирање на заеднички конференции, теренски истражувања, обуки и други активности од заемен интерес. Целта на оваа иницијатива е да се зајакне регионалната мрежа на геолози, да се поттикне размената на знаења и искуства, како и да се поддржи професионалниот развој на младите кадри во геолошката фела.
Меморандумот е од информативен и рамковен карактер, со што двете друштва се обврзуваат на отворена и континуирана комуникација, со можност за дефинирање на конкретни активности и заеднички проекти во иднина.
Овој чин претставува важен чекор кон продлабочување на научната и професионална соработка меѓу геолошките заедници на Република Северна Македонија и Република Србија.
Во прилог фотографии од членовите на мегународната секција на МГД, предводени од претседателката Проф. д-р.Соња Лепиткова и домаќините на средбата претседателот на СГД, Д-р.Урош Ѓуриќ и членови на друштвото.
