Геологијата, флората, минералите и тектониката на Кожуф
Некои битни точки извадени од документот подолу
Геолошка структура -Подрачјето на Кожуф е изградено од неогени и кредни седименти, кристалести шкрилци и различни магматски карпи како трахи-андензити, габро и гранити. -Припаѓа на Вардарската зона, која е тектонски активна, со значителни раседни структури.
Минерали и карпи -Застапени се минерали како калцит, арагонит, доломит, стибнит и реалгар. -Во регионот се најдени и посебни минерални формации, што го прави интересно за геолошки истражувања.
Флора и ендемични видови -Локалитетот Алшар содржи ретки растителни видови, од кои многу се на Светската црвена листа. -Идентификувани се повеќе македонски ендемити како Alkanna noneiformis, Centaurea kavadarensis и Thymus alsarensis.
Тектоника и релјеф -Кожуф има активни раседи како Негорскиот (27 km), Кожуфскиот (40 km) и Демиркаписко-мариовскиот (75 km). -Во регионот има значајни врвови: Голем Козјак (1.814 m), Мал Козјак (1.777 m), Коприва (1.638 m) и други.
Предлог за геопарк -Постои иницијатива Кожуф да се истражува како потенцијален геопарк.
Видете повеќе подоле, можете да го симнете целиот пдф документ