По иницијатива на поголем број на геолошки инженери, во 1951 година е донесено решение за основање на Македонското геолошко друштво со седиште во Скопје, (решение на Министерството за внатрешни работи на НРМ од 19.11.1951 година, под бр.31407/51 II-1-19), а истото е објавено во Службен весник на НРМ бр.19 од јуни 1952 година.
Со одредени застои, Друштвото покажува активности над 70 години.
Денешното друштво опстојува на темелите на МГД од 1951. Возобновено е на 25ти април 2006 година по осамостојувањето на државата, а негов прв претседател беше академик проф. д-р Блажо Боев се до 2024 година, кога за нов претседател беше избрана проф.д-р Соња Лепиткова.