ПОСЕТА НА СТУДЕНТИ ОД БУГАРИЈА
Факултетот за природни и технички науки заедно со македонското геолошко друштво – Геолог, со задоволство ги пречекаа претставниците од студентскиот чаптер на Society of Economic Geology при Универзитетот ,,Св. Климент Охридски” од Софија. Во рамки на тридневна посета, студентите од ФПТН присуствуаа на презентација за формирање на SEG Student Chapter, додека студентите од Универзитетот ,,Св. Климент Охридски” беа на теренска посета на скарновското Fe наоѓалиште Дамјан и жичното Pb-Zn наоѓалиште во Злетово.
Најпрво, професорите и студентите од студиските програми геологија и инженерство за заштита на животна средина на ден 08.05.2026 н присуствуваа на презентација одржана од SEG студентски чаптер при Универзитетот ,,Св. Климент Охридски” каде зборуваа за начинот на креирање на еден таков студентски чаптер, поволностите и какво е нивното долгогодишно искуство со организацијата. Со оваа презентација се поттикна и иницијатива од студентите за креирање на еден таков студентски чаптер при Универзитетот ,,Гоце Делчев”.
Посетата на железното скарновското наоѓалиште Дамјан, се одви на ден 09.05.2026 и започна на видиковецот над рудникот Дамјан. Од оваа точка има јасен видик кон отворениот коп и сврзаноста на овој руден комплекс Бучим-Дамјан-Боров Дол. Теренската активност продолжи јужно кон Вардарската зона, каде меѓу градовите Неготино и Демир Капија каде се забележуваат офиолитските формации, односно, пилоу лавите како маркери за средно океанските рифтни зони.
Последниот ден 10.05.2026, студентите заедно со професорите се упатија кон с.Добрево, близу Злетово, каде на површина се зебележува олово-цинковна жица број 10. Жицата беше анализирана на различни коти каде јасно се гледа различната минерализација по вертикала.

