ПОТПИШАН ПРВ МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ МГД ГЕОЛОГ И ДПТУ БУЧИМ ДООЕЛ РАДОВИШ
На 5 мај 2025 година, Македонското геолошко друштво – Геолог и ДПТУ Бучим ДООЕЛ Радовиш потпишаа прв официјален Меморандум за соработка, поставувајќи темели за стратешко партнерство меѓу академската и индустриската заедница во областа на геонауките и рударството.
Со овој документ, двете страни се обврзаа на меѓусебна поддршка и заеднички активности во насока на развој на геолошките науки, унапредување на рударската практика, заштита на животната средина, развој на млади кадри и промоција на геологијата како фундаментална наука.
Соработката ќе опфати изработка на стручни и научни трудови, организирање на обуки и теренски активности, учество во заеднички научни и апликативни проекти, како и активности за поддршка на младите геолози и приближување на рударската индустрија до пошироката јавност.
Овој Меморандум претставува значаен чекор кон градење мост меѓу науката и индустријата, со заедничка визија за одржливо и одговорно искористување на геолошките ресурси.
Во прилог слики од настанот на кој присуствуваа Ивица Карапетров, заменик управителот на ДПТУ Бучим ДООЕЛ Радовиш, проф. Д-р Соња Лепиткова, претседателка на Македонското геолошко друштво – Геолог и членови на претседателството на друштвото.

