Повик за учество на симпозиумот EUROCK 2026 – Скопје Почитувани колеги, Во есенскиот гласник на Меѓународното друштво за механика на карпи (ISRM) е објавен повик за симпозиумот EUROCK 2026, кој ќе се одржи од 15 до 19 септември 2026 година во Скопје. Организатор на настанот е Друштвото за геотехника на Македонија. Рокот за доставување на апстракти е 15 ноември 2025 година, а поднесувањето се врши преку платформата: https://www.conftool.pro/eurock2026/ Повеќе информации за симпозиумот може да најдете на официјалната веб-страница: https://eurock2026.com/ Геолошкото друштво ги охрабрува сите колеги геолози да земат активно учество и да дадат свој придонес во овој значаен меѓународен настан. Со почит, Геолошко друштво на Македонија.