(EFG) Членство
МАКЕДОНСКОТО ГЕОЛОШКО ДРУШТВО „ГЕОЛОГ“ СТАНА ЧЛЕН
НА ЕВРОПСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА ГЕОЛОЗИ (EFG)
Со особена чест и задоволство информираме дека од 8 ноември 2025 година, Македонското геолошко друштво „ГЕОЛОГ“ е официјално примено како полноправен член на Европската федерација на геолози (European Federation of Geologists – EFG).
Овој значаен чекор претставува голем напредок за македонската геолошка заедница и потврда за професионалниот и научниот развој на друштвото.
Членството во EFG ќе овозможи:
- Активно учество во европските иницијативи за одржливо управување со природните ресурси,
- Промоција на професионалните стандарди и етички принципи во геологијата,
- Размена на знаења и искуства со геолошките асоцијации од над 25 европски земји,
- Нови можности за соработка и развој на заеднички проекти
Примањето на „ГЕОЛОГ“ се случи во рамките на 5-тиот Меѓународен професионален геолошки конгрес (5th International Professional Geology Conference), што се одржува во Сарагоса, Шпанија, од 5 до 7 ноември 2025 година.
Ова е признание за континуираната работа и посветеност на македонските геолози, како и поттик за уште поактивно вклучување во европските геонаучни процеси.
„ГЕОЛОГ“ влегува во ново поглавје — со европски партнери, нови можности и заедничка визија за одржлива иднина

