Геологијата како основа за развој
Гостувањето на нашата претседателка, проф. д-р Соња Лепиткова, беше можност јавноста на стручен и разбирлив начин да се запознае со значењето на геологијата за развојот на современото општество.
Особено значајно беше појаснувањето дека геолошките и проспекциските истражувања не значат отворање рудник, туку стекнување знаење за геолошката градба, потенцијалот и природните ресурси на одреден простор.
Беше потенцирано и дека развојот на рударството треба да ги следи современите европски трендови, со почитување на законските нормативи, еколошките стандарди и мерките за заштита на животната средина.
Ваквите стручни настапи се значајни за доближување на геологијата до јавноста и за разбирање на нејзината улога во одговорното користење на природните ресурси и економскиот развој на државата.
Без геолошки истражувања нема знаење за ресурсите, а без знаење нема одговорно планирање.
