
Редовен проф. д-р Ѓорѓи Димов е роден во Штип, каде завршува основно и средно образование. Во академската 1998/99 година се запишалал на студии по геологија, на Катедрата за Геологија и Геофизика при Рударско – геолошкиот факултет – Штип, Унирвезитет “Св Кирил и Методиј”- Скопје.
Студиите ги завршила во 2004 година, здобивајќи се звање Дипломиран инженер геолог – геофизичар. Во 2009 година завршува магистерски студии на Факултетот за природни и технички науки – Штип, Универзитет “Гоце Делчев“ – Штип и се стекнува со звање магистер по технички науки. Во 2014 година завршува трет циклус на студии на Катедрата за хидрогеологија и инженерска геологија на Факултетот за природни и технички науки – Штип, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип и ја добива квалификацијата доктор на технички науки. Од 2007 година е вработен на Факултетот за природни и технички науки – Штип при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип како помлад асистент, а во 2020 година е избран за вонреден професор на истиот факултет во наставно – научната област геотехника.
Од 2007 година до денес, проф. д-р Ѓорѓи Димов е континуирано вклучен во наставно-образовниот процес со студентите за наставните програми: геологија и географија и заштита на животната средина. Од 2015 до 2022 година ја извршувал функцијата Продекан за настава на Факултетот за Природни и Технички Науки – Универзитет “Гоце Делчев„ – Штип. Од 2022 година до денес е декан на Факултетот за Природни и Технички Науки – Универзитет “Гоце Делчев„ – Штип.
