MGD – Makedonsko Geolosko Drustvo

Секција за минералогија и гемологија

СЕКЦИЈА ЗА МИНЕРАЛОГИЈА И ГЕМОЛОГИЈА

Секцијата за минералогија и гемологија има за цел да го проучува составот, својствата и формирањето на минералите, како и нивната примена во индустријата и науката. Минералогијата, како дисциплина, се занимава со проучување на различни минерали и нивните хемиски, физички и кристалографски својства. Од друга страна, гемологијата е гранка која се фокусира на изучувањето на скапоцени  камења, нивната идентификација, класификација, обработка и употреба во јувелирната индустрија.

Целта на друштвото е преку оваа секција, да се создаде платформа која ќе ги интегрира научните истражувања и индустриските потреби, придонесувајќи за одржлив развој на минералниот и гемолошкиот сектор, како и зголемување на економската вредност на локалните минерални ресурси.

Цели на секцијата:

Секцијата се фокусира на истражување на минералите и нивната примена, со посебен акцент на изучување на хемиските и физичките својства на минералите, како и нивната употреба во индустријата, особено во градежната и металуршката индустрија. Проучувањето на локалните минерали и драгоцените камења, како што се лорандитот, македонитот и прилепскиот рубин, има за цел да поттикне нивната промоција и да развие индустрија за обработка и комерцијализација на овие уникатни природни ресурси. Секцијата ќе посвети внимание на потенцијалот за создавање нови индустриски гранки кои ќе ги искористат овие минерали и камења за економски раст. Истражувањето на новите технологии за обработка на драгоцените камења ќе има за цел подобрување на нивната естетска и комерцијална вредност. Промоцијата на научни и технолошки иновации ќе поттикне развој на нови методи за ископување, обработка и комерцијализација на минералите и драгоцените камења, како и поддршка на иновативни пристапи во истражувањето на овие ресурси.

Структура и организација на секцијата

  1. Раководител на секција: Проф. Д-р. Тена Шијакова-Иванова
  2. План за работа на секцијата:
  3. Работна група на секцијата: