СЕКЦИЈА ЗА ГЕОХЕМИЈА И ЖИВОТНА СРЕДИНА
Секцијата за Геохемија и Животна Средина претставува интердисциплинарна платформа насочена кон интеграција на фундаментални научни истражувања и нивна практична примена во решавањето на современите еколошки предизвици. Преку академска соработка, теренски истражувања и развој на иновативни методологии, секцијата придонесува кон формулирање на научно засновани и одржливи стратегии за заштита на животната средина, со особен фокус на последиците од глобалните промени.
Геохемијата и животната средина се неразделно поврзани. Нивната симбиотска соработка овозможува создавање на холистички пристап кон заштитата на природното богатство, со што се придонесува не само кон подобрување на квалитетот на животната средина, туку и кон зачувување на ресурсите за идните генерации.
Цели на Секцијата
Основната цел на Секцијата е истражување на хемиската распределба и мобилност на природни и контаминирачки елементи во животната средина, како и нивната интеракција со биолошките системи. Посебен акцент се става на идентификација на извори на загадувачи, проценка на ризикот за здравјето и екосистемите, анализирање на промените во хемискиот состав поради климатските промени и развој на одржливи модели за заштита на природните ресурси. Со примена на аналитички методи и геопросторни алатки, се анализираат процесите на хемиска трансформација и долгорочните ефекти на индустриските и земјоделските активности на еколошката стабилност.
Интердисциплинарност и применливост
Секцијата ја охрабрува соработката меѓу експерти од геохемијата, екологијата, хидрологијата, климатологијата и инженерството на животна средина. Оваа соработка овозможува комплексна анализа на влијанието од индустриски, рударски и земјоделски активности, развој на еколошки прифатливи технологии за санација на деградирани подрачја и информирање на јавни политики и нормативи за управување со ризици поврзани со загадување.
Структура и организација на Секцијата
- Раководител на секција: Проф. Д-р. Соња Лепиткова
- План за работа на секцијата:
- Работна група на секцијата:
Програма на секцијата за геохемија и животна средина:
„ГЕОНАУКА ЗА ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ“
Програмата на секцијата за геохемија и животна средина замислено е да се одвива во неколку чекори, со цел да опфати повеќе области на имплементација.
- Заштита и промоција на геонаследство
- Идентификација, картографирање и предлози за заштита на геолошки значајни локалитети (фосилни, минералошки, карпести формации).
- Организација на акции за зачувување и чистење на геолошки споменици.
- Соработка со институции за прогласување геопаркови и промоција на геонаследството.
- Активности за одржлива експлоатација на минерални суровини и подигање на јавната свест.
- Геохемиски мониторинг и истражување
- Следење на геогени и антропогени влијанија врз вода, почва и седименти.
- Геохемиски истражувања во критични подрачја (рудници, депонии, термоминерални извори).
- Корелација со биолошки показатели во соработка со други научни дисциплини.
- Изработка на Геохемиски катастар на РСМ – долгорочна база на податоци за следење и анализа на еколошки ризици.
- Одржливо управување со природни ресурси
- Анализа на влијанието од ископ и експлоатација на минерални суровини.
- Предлози за санација и рекултивација на напуштени копови.
- Работилници со индустрии за имплементација на еколошки стандарди.
- Изработка и доставување на извештаи со еколошки препораки до надлежни институции.
- Заштита на водни ресурси и геоекологија
- Хидрогеолошки истражувања и мониторинг на површински и подземни води.
- Идентификација на загадени подрачја и ризици врз водните тела и почвите.
- Соработка за заштита на извори и водни екосистеми.
- Превенција од геолошки ризици
- Изработка на мапи за лизгање, ерозија, поплави и земјотреси.
- Обуки за препознавање и управување со геоопасности во локалните заедници.
- Образование и јавна свест
- Јавни предавања и работилници за: геологија, климатски промени, загадување, и геонаследство.
- Посети на училишта со едукативни програми и материјали (брошури, постери).
- Организација на теренски школи и обуки за млади научници.
- Инфо-табли, годишни извештаи и интерактивни платформи за јавноста.
- Соработка и финансирање
- Партнерства со институции, општини, факултети и невладини организации.
- Учество во национални и меѓународни проекти (IPA, Horizon Europe, UNDP).
- Развој на ГИС-бази и веб-платформи за податоци и пристап до резултати.
Истражувачки теми од интерес на секцијата:
- Геогено-природно загадување (пр. Киселичка Река).
- Влијание на климатските промени врз извори и рударски локалитети.
- Следење на тешки метали во земјоделски подрачја.
- Еколошки санации, засновани на геохемиски ризик.
Основно мото од кое се водени членовите на секцијата:
„Следи ги елементите – разбери ја природата“
