Скратена предлог програмата за работа на Македонското геолошко друштво (МГД) за периодот 2024-2028 година, поднесена од кандидатката за претседател, проф. д-р Соња Лепиткова.
Главни точки на програмата:
- Зајакнување на улогата на МГД – Потпишување меморандуми за соработка со релевантни институции, афирмирање на членството, организирање на конференции и едукативни настани.
- Развој на геологијата како основна научна гранка – Поддршка на дигитализацијата, учество во меѓународни конференции, промоција на истражувања за критични минерали и унапредување на научно-истражувачките програми.
- Интердисциплинарност и заштита на животната средина – Промоција на циркуларната економија, формирање геопаркови, зајакнување на жените претприемачи и етичко работење на компаниите.
- Меѓународна соработка и поддршка на млади кадри – Формирање на Секретаријат за меѓународна соработка, работни групи за геолошки под-области, поддршка на млади научници и промовирање на транспарентност.
Општата цел на програмата е да се подобри статусот на геологијата во земјата, да се поттикне научниот напредок и да се обезбеди одржлив развој во согласност со општествените и еколошките потреби.


