На ден 26.03.2025 (Среда) дел од студентите на Геологија, при ФПТН реализираа стручна посета на рудникот Злетово, односно компанијта БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип концесионер на рудното наоѓалиште. Најпрво студентите присуствува на презенација поврзана за основните геолошки карактеристики на жичното Pb-Zn наоѓалиште Злетово, се запозна со работните задачи на колегите геолози во рудничката геологија, постигнатите резлутати во експлотацијата и постигнатите резултати од моменталните геолошки истажувања. Понадаму, студенитите го посетија хор. 300 и хор. 350, рудна жица 12 (ЈИ), каде моментално се врши експлатација и детални геолошки истражувања, тие имаа можност да видат и јадро од истражните дупнатини.
Сето ова беше ново и позитивно искуство на студентите, при што добија многу практични сознанија за геологијата на рудното наоѓалиште, рудничката геологија и истражувањето на наоѓалиштата на минерални суровини.
Голема благодарност до колегите од компанијата БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип (Денис Ѓоргиев, дип. инж. геолог), кои несебично го споделија нивното практично искуство.

