100-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО НА БУГАРСКОТО ГЕОЛОШКО ДРУШТВО
Од 10 до 12 декември во Софија, во соседна Република Бугарија, се одржува меѓународна конференција по повод 100-годишнината од основањето на Бугарското геолошко друштво. На настанот присуствуваат повеќе членови од Македонското геолошко друштво „Геолог“, со што продолжува успешната соработка меѓу двете организации, чии птретседатели годинава потпишаа меморандуми за стратешко партнерство и заеднички активности. Свој говор на настанот одржа претседателот на Меѓународната секција која работи во склоп на друштвото, Мице Тркалески, а на конференцијата присуствува и секретарот на МГД „Геолог“ – Лазар Ѓорѓиев. Во прилог следат фотографии од настанот.
