Лазар Ѓоргиев (Штип, 1985 год.) – доцент на ФПТН – Штип. Дипломирал на Факултетот за рударство, геологија и политехника – Штип 2009 год., и се вработил во компанијата Геохидроинжинеринг ДОО Скопје (период 2010-2011 год.), понатаму ДПТУ Бучим – ДООЕЛ Радовиш (период 2011 – 2013 год.), ДПТУ Боров Дол – ДООЕЛ Радовиш (период 2013 – 2015 год.) и Калтун Мадденџилик ДОО Скопје (период 2015 – 2021).
Во 2022 год. бил избран за асистент докторанд на Катедрата за наоѓалишта на минерални суровини при ФПТН, УГД – Штип.
Во 2013 год. магистрирал на ФПТН – Штип на тема „Техногени наоѓалишта во рудникот Бучим и нивните потенцијални економски и еколошки ефекти“. Докторската теза ја одбранил во 2020 година на ФПТН – Штип со наслов на темата „Повеќефазно моделирање на оруднувањето во Боровдолскиот бакарен порфирски систем“.
Држи настава на катедрата, активно е вклучен во проекти за истражување на наоѓалишта на металични минерални суровини, и самостојно и како коавтор има објавено научни трудови од областа на наоѓалиштата на минерални суровини.